февруари 4, 2015

Вашингтон, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Eскалацијата на конфликтот во Украина го извади на површина стратешкото недоразбирање меѓу САД и Германија, кои се сојузници во врска со украинското прашање.

Претходно оваа недела, претставници на американската администрација изјавија дека е можно да се испорача оружје во Украина. Дури и некои американски претставници, кои до неодамна имаа спротивно мислење, ги менуваат ставовите во врска со оваа точка и начините за решавање на кризата во Украина.

Во исто време германската канцеларка Ангела Меркел јасно порача дека „Германија нема намера да испрати оружје во Украина, и продолжува да инсистира на дипломатско решавање на конфликтот“.

Одредени високи кругови во американската влада сепак не се убедени дека нивниот предлог да се обезбеди воена помош за Киев вредна 3 милијарди долари ќе доведе до крај на конфликтот во Донбас. Тие не ја исклучуваат можноста дека ваквите мерки само ќе ја дестабилизираат уште повеќе ситуацијата.

Голем број експерти сметаат дека при вакви конфликти повеќе оружје значи зголемување на насилството и бројот на жртвите. (Крај)

извор: ОхридПрес/РИА Новости фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука