мај 10, 2023

Охрид, 10. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок, 12-ти мај ќе се одржи Саем за образование и кариера во организација на Младинскиот Центар Охрид.

Ќе присуствуваат претставници од средните училишта од Општина Охрид и две средни училишта од Општина Струга со промотивни материјали, каде ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење пред полуматурантите.

– На саемот ќе земат учество и Факултетот за туризам и угостителство, Универзитетот за информатички технологии и наука „Апостол Павле“ и дел од факултетите членки на УКИМ. Истите ќе ги презентираат своите програми пред матурантите од Општина Охрид, велат од Младинскиот Центар.

Целта на саемот е да се запознаат полуматураните и матураните од Општина Охрид за можностите за нивниот понатамошен развој и кериерен напредок. Предвидено е да има кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници како и музички дел во текот на целиот настан.

Саемот ќе се одржи во просториите на центарот кај старата касарна во периодот од 12:00 до 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука