Минхен, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот шампион Баерн Минхен го договори првото засилување во јануарскиот преоден рок. Клубот потврди дека во Минхен ќе пристигне напаѓачот на Хофенхајм, Сандро Вагнер.
Вагнер е роден во Минхен и кариерата ја започна во Баерн. Во сезоната 2007/2008 забележа четири настапи за Баерн, а потоа патот го однесе во Дуизбург, Вердер, Херта, Дармштат и во Хофенхајм.
Од јуни минатата година тој за Хофенхајм одиграл 40 натпревари, на кои постигнал 15 гола.За Германија настапил на седум натпревари и постигнал пет гола. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива