септември 4, 2023

Охрид, 4. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Реализирани се низа активности за подобрување на условите за изведување на наставата во подрачното училиште на ООУ „Свети Наум Охридски“ во село Трпејца, кое претходно беше во многу лоша состојба.

Извршена е санација на таванот, обновени се и молерисани внатрешните ѕидови, поставен е ламинат на подовите, а претходно беше извршена и промена на дограмата во училишните простории.

– Иако Министерството за образование и наука пред долги години презеде обврска за изградба на ново училиште во селото Трпејца, тоа не се случи. Ние како одговорна Локална власт континуирано преземаме мерки за обезбедување на подобри услови за учениците во ова населено место, а ќе продолжиме и во иднина да работиме за создавање на подобри услови во сите училишни објекти на територијата на Општина Охрид, потенцираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука