август 28, 2017

Подгорица, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал бин Абдулазиз Ал Сауд, чија компанија „ Kingdom Holding Company “ се проценува на 17 милијарди долари, изразил интерес да инвестира во Црна Гора, пренесуваат црногорските медиуми.

Принцот тоа му го соопштил на црногорскиот премиер, Душко Марковиќ, за време на нивната средба во Будва.

Состанокот се одржал на јахтата на саудискиот принц укотвена во Будва, при што, Марковиќ, го запознал принцот со економските и инвестициските потенцијали на Црна Гора, пренесува „Глас на Америка“. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука