февруари 14, 2017

Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија.

Со литургијата која е по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“ ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Ќе започне во 08:45 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука