мај 26, 2018

Охрид, 26. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре во црквата „Света Троица“ во населбата „Црногорци“ – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св. Троица) – Педесетница“.

Со литургијата која ќе започне во 09:00 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Во понеделник, на 28-ми мај, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид. Ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со членовите на Светиот Архиерејски синод. Литургијата е дел од свеченсотите по повод одбележување 1000 години Охридска Архиепископија.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука