ноември 6, 2019

Струга, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува верниците дека во петок, на 8-ми ноември 2019 година, во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. великомаченик Димитриј Солунски – Митровден“.

Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука