мај 7, 2018

Струга, 7. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Илјадници верници беа дел од деветтата прослава на празникот Ѓурѓовден во Струга во рамките на најмасовната литија и ги дочекаа светите мошти на Св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона.

Од годинава, торжествената струшка литија (Еордија) беше збогатена и со чудотворната Пречистанската (Крнинска) икона на Мајката Божја од манастирот „Богородица Пречиста“, Кичево. Традиционално и овој пат, во храмот на Св. Георгиј Победоносец во Струга, со почеток во 16:00 часот беше отслужена ктиторската вечерна богослужба, по која следеше молитвената литија, која веќе прерасна во големо сенародно собитие.

Image may contain: 1 person, crowd and outdoor

Image may contain: 6 people, crowd and outdoor

На чело на самата Литија беше член од Бигорското братство, а како новина од оваа година моштите на Светиот Победоносец Георгиј ги носеа двајца видни струшки граѓани и уште двајца од други места, овој пат еден битолчанец и еден охриѓанец.

Литијата е многу стара духовна традиција што ја практикуваат православните христијани во Струга. Со неа се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.

Image may contain: 3 people, crowd, sky and outdoor

Image may contain: one or more people, crowd and outdoor

– Имаме потврда дека литијата постои стотици години наназад, поточно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети Георгиј од Бигорскиот манастир се изведува веќе неколку години наназад. Со чудотворната икона, литијата се одржувала долги години, особено по осветувањето на црквата „Свети Георгиј“ во Струга во 1835 година, еден ден по празникот, односно на 7-ми мај, велат од црквата „Свети Георгиј“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Дејан Пановски

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука