Охрид, 16. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 27-ми декември свечено ќе биде отворен новиот етно ресторан „Дедо Димо“, кој ќе ја збогати туристичката и угостителската понуда на познатото охридско село Куратица.
Живописната природа на селото, традиционална македонска кујна како и познати охридски специјалитети е само дел од понудата во што ќе може да уживаат гостите и туристите.
Домаќините со својата искреност и посветеност на посетителите ќе им овозможат разглед на преубавата природа, јавајќи на магаре, како и off road авантура со џипови, прошетка по Плаќенска планина и Мазатар. Гостите овде ќе можат да го искусат традиционалниот селски живот.
Инаку ова охридско село, познато меѓу другото и по традиционалниот Василичарски карневал, често е посетувано од групи туристи, но и индивидуалци од Холандија, Словенија, Финска, Израел и други земји. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива