Свечено отворен хотелот „Village“ во Охрид

Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Угостителската понуда на Охрид од денес е побогата за уште еден објект. Свечено беше отворен бизнис хотелот „Village“.

Хотелот е дел од трговскиот центар KAM Village, кој се протега на 12.000 м2. Покрај хотелот, во рамки на комплексот работи и ТЦ „КАМ“ и игротеката „Vanja“.

hotelkam2– Хотелот содржи 39 соби, имаме 31 двокреветна соба, 5 делукс апартмани, 2 еднокреветни соби и еден фамилијарен апартман. Во рамки на хотелот има конференциска сала со капацитет од 60 седишта, опремена по највисоки стандарди, со видео бим, clip chart, интернет конекција, модерно лоби. Тоа е така наменски направено за да може дел од работилниците, доколку има потреба да биде дел тука дел во конгресната сала. Ресторанот има 110 седишта, модерно е уреден и најатрактивно е тоа што направивме цени кои се согласно политиката на КАМФУД, да одиме со ниска цена согласно стандардот на граѓаните, велат од хотелот.

hotelkam3Додаваат дека е во подготока и VIP соба, каде ќе се одржуваат затворен тип деловни состаноци, а наскоро ќе бидат отворени и ресторан за брза храна и ресторан за свадби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top