февруари 3, 2015

Струга, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Националната установа Струшки вечери на поезијата, како пример на добра практика, во четврток, 5 февруари, во ЕУ Инфо центарот во Скопје ќе се претстават преку проектот „Версополис“.

Проектот „Версополис“ ќе биде прва европска поетска платформа, кој беше поддржан од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија во рамките на минатогодишниот повик за аплицирање.

Во просториите на ЕУ Инфоцентарот во Скопје ќе се одржи Инфоден за „Креативна Европа – Програма на Европската Унија“ – категорија „Платформи“.

Инфоденот има цел да ја претстави подпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“ и можностите што ги нуди таа за македонските културни оператори како нејзини потенцијални корисници. За време на настанот ќе бидат претставени условите и критериумите за аплицирање за категоријата „Платформи“ за која е во тек повикот за аплицирање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука