Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Труење на четири мали кучиња било пријавено во СВР Охрид во текот на вчерашниот ден.
– Мртвите кучиња биле забележани во двор на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Истиот ден, во СВР Охрид, од страна на граѓанин бил пријавен уште еден случај на труење на куче кое било забележано на улицата „Даме Груев“. Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство. Кучињата биле подигнати од вработени во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива