ноември 1, 2019

Охрид, 1. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници, според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) – 19-ти октомври, денес го слават Денот посветен на Св. Прохор Пчински.

Свети Прохор живееше во единаесеттиот век. Се подвизуваше се до својата смрт под една карпа во близина на реката Пчиња. Заедно со свети Гаврил Лесновски и свети Јоаким Осоговски во Македонија ја продолжуваше исихастичката монашка традиција.

Грчкиот збор исихиа во буквален превод значи тихување, тишина, но во Црквата тој термин го доби значењето-молитвено тихување, т.е. собраност на сите човекови сили внатре во него, што се постигнува преку молитвата.

Подоцна во близина на неговата испосница, подигнат е познатиот манастир Свети Прохор Пчински каде што се наоѓаат моштите на овој светител-чудотворни, т.е. исцелителни, а и мироточиви, што значи дека од неговите коски непрекинато уште од времето по неговата смрт, па досега истекува густо масло со убав мирис. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука