јануари 15, 2017

Охрид, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Св. Серафим Саровски и Св. Силвестер.

Свети Серафим Саровски се родил во Курск, Русија, во 1759 година. Се прослави како голем подвижник и молитвеник. Во последните години Господ го надари со чудотворство за полза на сите измачени што доаѓаа кај него. Се упокои на денешен ден во 1833 година.

svsilvesterДенеска се слави споменот и на Свети Силвестер. Роден е во Рим каде што бил избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните. Папа Силвестер добро управувал со римската црква до 335 година, кога се упокои во Бога. Неговите мошти почиваат во гробничната црква изградена над катакомбата Свети Прискила во Рим. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука