јануари 26, 2015

Охрид, 26. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Никола Бакрачески, наместо да замижува, да преземе соодветни мерки и да го прекине самоволието на директорката на градинката „Јасна Ристеска“, побараа на денешната прес конференција од ОО на СДСМ од Охрид.

Според нив, постапките и однесувањето на директорката на оваа градинка се на штета на родителите и на воспитниот процес на децата.

– Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид  ја покачила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари. Исто така самоволно, преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата да се плаќа однапред, пред 1-ви во месецот. Имињата на дечињата за кои не е платено се објавуваат јавно, на списоци истакнати на влезот од градинката. Дополнително, директорката им наметнува на родителите нови трошоци за употреба на брошури, прирачници и друга  задолжителна литература. Иако во предшколска установа не смее да има задолжителна литература. Да биде скандалот поголем, токму оваа литература е од Издавачката куќа „Eduka Mak publishing“, каде директорката е соработник, коавтор и рецензент, додаваат од СДСМ, од каде напоменуваат дека овие примери се само дел од самоволните постапки на директорката, кои предизвикуваат огромен револт кај родителите.

– Неодговорноста на директорката не смее да се прикрива. Бараме веднаш да се превземат соодветни мерки во интерес на воспитниот процес, родителите и децата, раегираат од ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука