Охрид, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на СДСМ, најостро го осудува синоќешниот инцидент во кој биле обиени просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, реагираат од партијата.
– Воедно ги повикуваме органите на прогонот, согласно нивните овластувања, да ги преземат сите можни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување на случајот. Правната држава подразбира функционирање на правото и сигурност за сите граѓани на Република Македонија подеднакво, и во таа насока, очекуваме дека сторителите во најкус можен рок ќе бидат изведени пред лицето на правдата, стои во дописот до медиумите од ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)
извор: СДСМ фото: архива