септември 13, 2021

Охрид, 13. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од СДСМ и коалицијата ја објавија советничката листа со кандидати за локалните избори кои на 17-ти октомври 2021 година ќе се одржат во Охрид.

– На претстојните локални избори СДСМ и коалицијата излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на Охрид. Сите кандидати за советници се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за интересите на охриѓани. Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период. На 17-ти октомври одиме на уште една голема победа за Охрид, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СДСМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука