Севиља, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља му додели отказ на тренерот Едуардо Берицо поради слаби резултати.
„Севиља му се заблагодарува на Берицо за професионалната работа и односот кон сите во клубот од почетокот на неговото доаѓање. Во најбрзо време ќе назначиме нов тренер“ се вели во соопштението на Севиља.
Берицо покрај слабите резултати, имаше и здравствени проблеми, па андалузискиот клуб одлучи да ја прекине соработката.
Во Ла Лига Севиља се наоѓа на 5.место со 29 бодови. (Крај)
извор: Плусинфо.мк фото: архива