јануари 26, 2015

Менхетен, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 31-ви јануари на полноќ, Владимир Василевски Четкар ќе одржи концерт во Менхетен, Њујорк во „Блу Ноут“ клубот или како што го нарекуват „светската престолнина на Џезот“.

Овoј концерт е организиран од страна на програмскиот директор на „Блу Ноут“, а на македонскиот фанк, соул и џез музичар ова ќе му биде седмо гостување по ред во ова легендарно место.

Освен во „Блу Ноут“, Владимир Четкар има повеќе пати настапувано и во останатите најзначајните џез места во САД како „Иридиум“ на Бродвеј (Њујорк), „Регатабар“ во Бостон, „Блуз Ели“ во Вашингтон и „Каталина Џез Клуб“ на Сансет Булеварот во Лос Ангелес.

Музичката програма таа вечер ќе биде комплетно авторска, а Четкар ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба и флугелхорн, Арон Хенри на тенор саксофон и флејта, Кори Волис на тромбон, Милан Милановиќ на пијано, Брајан Лед на електричен бас и Ник Фалк на тапани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука