февруари 12, 2015

Лондон, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Секој петти жител во светот одбива да оди на редовни прегледи кај својот лекар од страв дека има некое заболување.

Ова го покажува британското истражување на организацијата HeartAge, според кое мачнината од резултати за тестовите и стравот од “лоши вести” се главните причини луѓето да не посетуваат матичен доктор за редовни прегледи. Според Холи Вилан, коосновач на HeartAge, ова истражување потврдува дека емоционални фактори влијаат на посетата кај лекарот.

Во исто време, сепак, истражувањето покажува дека за 73% од луѓето прегледите се важни за рано утврдување на одредени болести, како болести на срцето и инфаркти и некои видови на тумори. (Крај)

извор: ОхридПрес/HeartAge фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука