Селекцијата У-19 носител на ждрепката за елитните квалификации

Скопје, 25. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години, која се пласира во елитните квалификации за пласман на ЕП кое наредното лето ќе се игра во Финска, ќе има повластен статус на ждрепката, односно ќе бидат во групата на носители заедно со Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и Данска.

Во вториот барабан се Англија, Италија, Украина, Австрија, Франција, Република Ирска, Холандија додека третиот го сочинуваат Словачка, Норвешка, Шведска, Грција, Белгија, Унгарија, Турција.

Во четвртиот барабан ќе бидат селекциите на Србија, Косово, Полска, Бугарија, БиХ, Латвија, Шкотска.

Групите ќе бидат извлечени на 6 декември, а за пласман на Европското првенство повторно ќе се играат турнири од четири репрезентации, кои најдоцна ќе треба да се организираат до 20 мај в година. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

scroll to top