февруари 5, 2015

Палм Бич, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Освојувачката на Аustralian open и најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс вчера објави дека по пауза од 14 години ќе настапи на мастерсот во Индијан Велс.

Двете сестри Вилијамс не учествуваат на овој турнир уште од 2001 година откако тврдеа дека биле навредувани на расна основа.

Помладата сестра одлучи да го прекине бојкотот а не е познато дали Венус Вилијамс ќе настапи на турнирот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука