Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно изучување на италијански јазик.
Учениците од петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.
Предавачи по овој предмет беа универзитетската професорка д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа и Маја Мијаиловиќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3