јануари 24, 2017

Барселона, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Барселона Серхио Бускетс ќе биде надвор од фудбалските терени еден месец,соопштил тренерот на „каталонците“ Луис Енрике.

По натпреварот навивачите на клубот и Енрике стравуваа дека Бускетс ќе мора да паузира подолг период.

Бускетс ги повредил лигаменти на десната нога, така што, ќе ги пропушти настапите против Реал Сосиедад во Купот на Кралот,и против Бетис, Билбао и Алавеш во првенството. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука