јануари 3, 2017

Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од охридските „Тамаро“ маркети информираат дека се` е подготвено за првиот голем настан во новата 2017-та година.

– Минатата година во „ИБ Фитнес“ Центарот во Охрид поделивме 1.5о0 пакетчиња за нашите најмили и најмлади, годинава одиме понатаму. Главниот настан започнува во 18:00 часот, кога стартува богатата Божиќна програма. Ќе има многу музика, магија и секако награди и пакетчиња за нашите лојални купувачи кои се во „Тамаро“ секогаш и се дел од сите наши акции и настани, велат од „Тамаро“.

Додаваат дека деновиве се очекуваат ниски температури, а очекуваат голема посетеност. Затоа препорачуваат сите кои ќе бидат дел од овој голем настан да дојдат барем еден час порано.

– Апелираме до сите кои ќе не посетат за трпение и ред поради ограничените паркинг места. Главното изненадување ќе биде во 19:15 часот на Бадник, ден пред најголемиот христијански празник Божиќ, време кога сите се сплотени, сите подаруваат. Ние создаваме нешто сосема ново и поинакво. Нешто масовно и неочекувано и се` со една цел – да Ви подариме насмевка, велат одговорните во „Тамаро“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука