Се поставуваат мали огради на зелениот појас на улицата „Македонски Просветители“ (Фото)

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат активностите за комплетна реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ во центарот на градот.

Градежни екипи утрово поставуваа мали огради со кои се оградува зелениот појас во центарот на коловозните ленти на потегот од Поштата кон езерото.

Истите се и повеќе од потребни, пред се’ за да се спречи преминувањето на улицата преку зелениот дел, со што се уништува истиот,

Претходно беа поставени и столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбеден сообраќај и движење на пешаците.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двонасочнавелосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top