октомври 23, 2014

Охрид, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Поради силниот ветер кој дуваше во текот на ноќта, надлежните комунални екипи од денеска на терен го собираат сметот од градските улици.

Од рано утринава се расчистуваат јавните површини, како што се тротоарите и коловозите  на кои има поголемо количество отпад и испаднати есенски лисја.

Вработените во  службата за јавна хигиена денеска го расчистуваат и отпадот што го исфрли Охридското Езеро поради силните бранови предизвикани од ветерот што беснееше во текот на ноќта.

Супер радио/А.Р.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука