февруари 24, 2022

Охрид, 24. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ пристапија кон машинско расчистување на речното корито на реката Сушица.

– Започна и подигнување на расфрланиот, тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото. Се расчистува потегот од пресекот со улицата „Живко Чинго“ до пресекот со улицата „Железничка“, информираат од Општина Охрид.

Граѓани кои живеат на овој потег на градот неодамна апелираа до одговорните на редовно чистење на реката Сушица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски Комуналец“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука