март 9, 2015

Скопје/Велес, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Се шири мрежата на средношколски интерни пленуми.

Покрај во Скопје, Штип, Куманово и Битола и велешките средношколци ги обединија своите заеднички ставови во средношколски пленум.

Велат проблемите кои ги мачат учениците но и професорите од средните училишта се идентични. Бараат изземање на математиката како задолжителен предмет во државната матура и целосно укинување на екстерното оценување. Нивните барања секојдневно се собираат од пленумите од сите средни училишта, а деновиве ќе ги достават и до Министерството за образование и наука. Од одговорите на надлежните ќе зависат понатамошните чекори на средношколците. Според нив, се поголемо незадоволство има и кај професорите кои ги подржуваат во идејата да се спротистават на лошите реформи во основното и средното образование.

Екстерното тестирање, според велешкиот средношколски пленум, нема потρеба од никакви модификации во моделот и начинот на спроведување, туку е потребно негово комплетно укинување.

Дополнително, според учениците, непотребна реформа е и државната матура. Со одлуката математиката да биде задолжителен предмет во матурата се оштетуваат најголемиот број ученици, односно оние кои нема да го продолжат своето образование кон природно-математичките науки.

Средношколците планират како пленум да ја зајакнат својата позиција како активни учесници во креирање на образовните политики во иднина. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука