февруари 24, 2020

Охрид, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со цел ефикасна превентивна заштита на граѓаните од новиот корона вирус (COVID 19), од Светската здравствена организација (СЗО) апелираат да се почитуваат нивните препора во насока на справување со новонастаната состојба и проширувањето на вирусот во Италија.

Степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво, а Комисијата за заразни болести, која заседаваше денес, донесе и нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени. Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродроми во земјата. На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба.

Препораки од СЗО:

No photo description available.

Image may contain: text that says 'MиJTE ги рацете MиJTE ги рацете сапун и вода кога видливо нечисти иако не CE видливо нечисти сепак ги сапун и вода или употребете чистач за раце што содржи алкохол World Health Organization'

Image may contain: text that says 'воведете дополнителна заштита на храната користете различни садови и ножеви за подготовка и сечкаье на сирова и зготвена храна додека подготвувате сирова и зготвена храна, ги рацете после CEKOJ вид World Health Organization'

Image may contain: one or more people, text that says 'заштитете од настинки избегнувате незаштитен болни (вклучително допир на очи, или и домашни или диви животни World Health Organization'

Image may contain: text

No photo description available.

Image may contain: text that says 'намалете го ризикот за од корона вирусот храната од животинско потекло дури и од незаштитени региони може безбедно да конзумира, доколку истата E внимателно и целосно подготвена 444 World Health Organization'

Image may contain: text

Претходно денес и Министерството за здравство на Република Македонија испрати апел до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука