март 6, 2015

Рим, 6. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Снежна бура ја погоди Италија, каде што брзината на ветерот на места стигнува до 150 километри на час, објавија новинските агенции.

Во Босна и Херцеговина е прогласена вонредна состојба поради 24-часовните снежни врнежи. На места веќе има снег над еден метар. Патиштата се затворени, а полицијата ги повика луѓето да не излегуваат со своите автомобили.

Многу области се без струја веќе со часови. Во Италија околу 80 илјади домаќинства се без струја.

Се очекува лошото време да трае до сабота. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука