јануари 16, 2017

Валенсија, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Шпанија јавуваат дека Симоне Заза вториот дел од оваа натпреварувачка сезона ќе го мине во дресот на Валенсија, откако шпанскиот клуб успешно ги завршил преговорите со Јувентус.

Заза минатото лето од Јувентус замина на позајмица во Вест хем, но не се снајде најдобро во Премиер лигата.

Иако се најавуваше негово враќање во Италија, на крајот Заза се пресели во Валенсија, каде се очекува да биде важен адут на „лилјаците“ во обидите да изборат опстанок во елитното шпанско фудбалско друштво. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука