јануари 25, 2018

Њујорк, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Заради голема гужва, опасност од оштетување на градбите и нарушување на кревките еко-системи, Си-ен-ен направи листа за совесни туристи, на места што би требало да се избегнуваат во 2018 година.

На листата се најдоа Дубровник, Барселона, Венеција, Таџ Махал, Чинкве Тере (Италија), Санторини, Бутан, Монт Еверест, Мачу Пикчу, островот Скај (Шкотска), Галапагос и Антарктикот.

– Под закана дека УНЕСКО може да му го одземе статусот на културно наследство, Дубровник одлучи да преземе драстични мерки за големиот број туристи, со ограничување на бројот на посети на одделни знаменитости. Ако мора да одите во Дубровник, патувајте самостојно – бележи Си-ен-ен, а како алтернатива наведува посета на Цавтат.

За Венеција пишува дека е „уморна од туристи со селфи-стапови“, додека за Барселона се посочува фактот дека во градот во 2016 година имало 34 милиони туристи, што е за 25 отсто скок во споредба со 2012 година, што пак довело до гнев кај локалното население, кое одговорило со антитуристички графити низ градот. (Крај)

извор: Плусинфо фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука