јануари 6, 2020

Охрид, 6. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Опцијата на Facebook која не потсетува на поважни настани и објави од годините наназад, често знае да разбуди убави спомени.

Прекрасниот Охрид на денешен ден во 2017 година бил под снежна покривка, што воопшто не ја намалува неговата убавина, туку го прави уште помистичен и ја истакнува неговата древност.

Денес во Охрид немаме снег, а забестото сонце на Бадник направи бројни охриѓани, откако ги пречекаа коледарчињата, да го искористат утрото за прошетка по охридскиот Кеј.

No photo description available.

Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер. Во раните утрински часови локално ќе провејува слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 1. степен.

– Во утринските часови ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни утрински температури. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука