февруари 7, 2018

Париз, 7. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Колони возила долги и над 700 километри во Париз, стотици заробени камиони, затворена Ајфеловата кула – снег го погоди главниот град во вторникот вечер и северниот дел од Франција.

Снегот „значителен и издржлив“ го отежна возењето на запад и на североисток, преку регионот на Париз, соопшти Метеоролошката служба.

Во Париз и околината, 739 километри заглавени возила, вели авто-мото служвата „Ситаден“.

Автобусите кои го опслужуваат главниот град и предградијата претходно се вратени во депоата. Училишен превоз ќе нема во среда во повеќе делови во Франција, посебно во регионот на Париз.

Состојбата би можела да стане во ноќта меѓу среда и четврток со пад на температурата до минус 10 степени и појава на „леден дожд“ на веќе снежниот терен, рече за АФП Емануел Демел, прогностичар од Метеолошката станица на Париз. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука