март 18, 2020

Париз, 18. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Авио-индустријата е силно погодена од пандемијата на коронавирусот, а патниците ширум светот се соочени со откажани летови и забрани за патување, додека се обидуваат да се вратат во своите домови. Но, „благодарение“ на тоа, соборен е воздухопловниот светски рекорд.

Француската авиокомпанија „Ер Тахити Нуи“ изведе најдолг комерцијален патнички лет на 14-ти март, прелетувајќи 15.715 километри од Тахити во Француска Полинезија до парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Соборувањето на светскиот рекорд е директна последица од ограничувањето на патувањата во САД поради епидемијата на коронавирусот.

Вообичаено, патувањето на оваа рута предвидува застанување на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Но, бидејќи во Америка е воведена забрана за меѓународни летови, екипажот на летот ТХ064 продолжил без попатно застанување. Полетале во 15:00 часот по локално време од аеродромот Пепета и на 15 март стигнале во Париз во 15.30 часот по локално време. (Крај)

извор: Точка фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука