Советот на Европа ќе расправа за извештајот за парламентарните избори во Македонија

Брисел, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на зимската сесија (23 – 27 јануари), денес ќе го разгледа извештајот за парламентарните избори во Македонија, кои беа набљудувани од негова делегација.

Покрај извештајот за спроведените избори, на дневниот ред на ПССЕ најзначајната дебата е посветена на нападите врз новинарите и слободата на медиумите во Европа, за предизвиците и одговорностите на он-лајн медиумите и новинарството, како и потребата да се стави крај на кибердискриминацијата и говорот на омраза на интернет. (Крај)

извор: Макфакс фото: Макфакс

scroll to top