Охрид, 19. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Организацијата Junior Achievement Македонија ја прифати апликацијата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид да биде училиште домаќин на „Камп на иновации 2021“.
Како домаќин, училиштето доби можност за вмрежување и воспоставување соработка со други средни училишта од земјата и регионот, кои се дел од семејството на Junior Achievement, промоција на социјалните медуми на Junior Achievement Македонија и признание за учество и организација на ваков тип активност Училиштето директно влегува и во изборот за награда за најпретприемничко училиште организирано на национално и европско ниво.
– Тимови формирани од 40 ученици од прва до четврта година од двете струки од училиштето економско, правна и трговска струка и здравствена струка се натпреваруваа деновиве и со помош на волонтери од локалната бизнис заедница понудија интересни решенија на зададениот бизнис предизвик. Во текот на натпреварот учениците ги зајакнуваа вештините за тимска работа, подготовка на бизнис план и негово презентирање пред жири комисија, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.
Програмата е поддржана со меморандум за соработка потпишан од Министерство за образование и наука, Центар за стручно образование и обука и Биро за развој на образованието. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид