мај 21, 2024

Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Градиме нови мостови“ финансиран од Фондот за интегрирано образование на ОБСЕ, ООУ „Братство Единство“ доби грант во износ од 338.865 денари кои беа искористени за реновирање на спортската сала во централниот објект на училиштето.

Под мотото „Учиме заедно, Растеме заедно“, извршено е поставување на нова подлога на отворените и затворените терени, која значително ќе придонесе за подобрување на наставата по Физичко и здравствено образование. Дел од средствата на проектот беа наменети и за набавка на два преносни компјутери и еден синтисајзер, со кои ќе се подобрат условите за реализирање на наставните програми по Англиски јазик и Музичко образование.

Дел од активностите и ресурсите, кои се евидентирани како сопствено учество на училиштето во проектот, се обезбедени од граѓани кои биле ученици во ООУ „Братство Единство“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука