март 24, 2017

Тирана, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Масакр врз рибниот фонд во Албанија.

Во најголемата вештачка акумулација Фиерза во текот на вчерашниот ден со динамит биле усмртени најмалку 20 тони риба, јавува МИА.

Надлежните се уште немаат осомничени за оваа еконолошка катастрофа во езерото Фиерза, што е најголем ваков инцидент до сега.

Езерото Фиерза е најголема вештачка акумулација во Албанија. Таа се наоѓа на каскадата на реката Дрим, заедно со акумулациите Коман и Вау те Дејес.

извор: МИА  фото: МИА

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука