јануари 14, 2017

Охрид, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска, во 02:05 часот по полноќ, 25-годишниот Н.С. пријавил дела било оштетено неговото возило „Опел Астра“, паркирано во импровизирана лимена гаража.

Од страна на полициски службеници бил извршен увид, при што било констатирано дека истата вечер во периодот од 22:00 до 02:00 часот, засега непознато лице со огнено оружје, со проектилите го оштетило задното ветробранско стакло, стаклото на предна лева врата, задната лева врата, задното лево крило.

На лимот од гаражата имало повеќе отвори кои наликувале дека се предизвикани од проектили од огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука