Со повеќе свечености детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе го одбележи патронатот

Охрид, 6. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – При крај се подготовките на децата и вработените од охридската градинка „Јасна Ристеска“ за одбележување на патрониот празник, 7-ми ноември.

По тој повод тие го имаат подготвено проектот „Музиката и раниот детски развој“. На завршната приредба под мотото „Децата низ жанровите на музиката“ утре на денот на празникот, во 17:00 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ децата ќе покажат како влијае музиката врз нив и што научиле за неа.

Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, родум од селото Рамне, пред 73 години, на 7-ми ноември 1944 година била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top