јуни 6, 2017

Струга, 6. јуни 2017(ОХРИДПРЕС) – Деновиве повторно гореше струшката депонија.

Од Граѓанската иницијатива “Доста” на координативен состанок одлучиле уште еднаш да го кренат гласот против овој проблем.

– На состанокот учество зедоа 30-на граѓани  кои го споделија своите мислења ставови и предлози за решавање на проблемот, но не се остварија надежите на граѓанската иницијатива дека на состанокот ќе учествуваат и стручни лица (биолог,екологист, лекар) кои би укажале на последиците од горењето на депонијата по животната средина и по здравјето на луѓето, велат оттаму.

Од Граѓанската иницијатива “Доста” информираат дека протестниот марш е закажан за утре од 16.30 часот. Протестот за чист воздух ќе започне од паркингот кај кафе бар „Пливалиште“, а ќе заврши на кружниот тек на влезот во Струга.

Граѓаните на Струга излегоа на протест и после Велигден кога беше запалена депонијата, а стружани се гушеа во чад. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука