март 21, 2018

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со хуманитарна изложба на Анастазија Жупан во „Бистро Корнер“, Охрид денес го одбележува Светскиот ден на Даунов Синдром.

– Не случајно како датум е одбран токму 21-ви март, вели Јелена Жупан, мајка на авторката Анастазија Жупан. Симболиката се состои во тоа што во основа на Дауновиот синдром лежи третата копија на 21 хромозом, односно лицата со Даунов синдром имаат 47 хромозоми.

Светскиот ден на Дауновиот синдром во Охрид се одбележува во организација на членките на Лајонс клубот „Деница“ кои редовно, години наназад го одбележуваат со носење на шарени чорапчиња, преку што се истакнува прифаќањето на различностите.

Осврнувајќи се на образовниот систем и вклученоста на лицата со Даунов синдром, Жупан истакнува дека мора да се најде начин образованието да им ги отвори вратите на лицата со Даунов синдром, за тие да можат тоа да го постигнат својот максимум, бидејќи тие можат, знаат и умеат да водат самостоен живот.

– Тие можат знаат и умеат од нас да направат горди родители, каква што сум јас денес на изложбата на мојата ќерка, вели Јелена, истакнувајќи дека за жал инклузивноста и интегрираноста на овие лица во општеството се` уште е на многу низок степен и мора многу да се работи во насока на подобрување на состојбата, по пример на високоразвиените земји.

Погледнете некои од делата на Анастазија:

daunovizlozba1 daunovizlozba2 daunovizlozba3 daunovizlozba4 daunovizlozba5извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука