март 13, 2017

Струга, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Јапонската влада ќе додели 63.676 евра за рехабилитација на училишната зграда на основното училиште
“Св. Климент Охридски” од селото Драслајца, во Општина Струга.

Владата на Јапонија доделува финансиски средства за целосна замена на вратите и прозорците на училиштето, како и инсталација на аларми системи за противпожарна заштита, со цел да им се овозможат соодветни услови за настава на учениците.

Дрвените врати и прозорци не се обновени од изградбата на училиштето во 1985 година. Во сите овие години наставата во училиштето се одвива во отежнати услови, особено во зимскиот период кога температурите во просториите не го достигнуваат потребниот минимум.

Инаку јапонската влада обезбеди грант во висина од 368.626 евра за реализација на вкупно шест нови проекти во земјава.

извор: МИА  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука