јануари 24, 2015

Милано, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што јавуваат италијанските медиуми, тренерот на Милан, Филипо Инзаги, ги брои последните денови на клупата на “росонерите”.

Првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, не бил задоволен од успехот на неговиот тим, па ова лето планира да го отпушти Пип Инзаги.

Според некои од италијанските медиуми како наследник на Пипо на клупата на Милан се шпекулира со името на  Лучано Спалети, кој веќе се договорил со Берлускони. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука