јануари 6, 2017

Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ниту снегот, ни ниските температури и големата гужва не поколебаа над 5.500 охриѓани да бидат дел од веќе традиционалната „Бадникова вечер“, која ја организираат охридските „Тамаро“ маркети.

Песнички за најмладите, магија со професионален магионичар, најдобрите песнички од детските фестивали, танцова група на „Соната“ со посебно подготвена кореографија беа само дел од понудата вечерва во рамките на големата забава која се одржа во „ИБ Фитнес“ Центарот во Охрид.

badnikovavecer172– Посетеноста и атмосферата која се направи ги надмина сите наши очекувања. Снегот кој падна синоќа во Охрид само уште повеќе ја разубави празничната атмосфера. Навистина беше ладно, имаше и гужва, се бараше паркинг место повеќе, но тоа не ги спречи нашите лојални купувачи и пројатели да дојдат и заедно со нас да бидат дел од овој голем настан, во рамките на кој ќе се доделија 2.100 пакетчиња за најмладите, односно 600 повеќе од минатата година. Ние создаваме нешто сосема ново и поинакво. Нешто масовно и неочекувано и со една цел – да Ви подариме насмевка, велат одговорните во „Тамаро“.

badnikovavecer173Тие денес ја продолжија 19. години старата традиција, која беше возобновена пред четири години и од одговорност кон своите вработени, прерасна во акција која е насочена кон целиот град, особено кон најмладите, кои се и најрадосни токму за време на новогодишните и божиќните празници.

badnikovavecer174Неодамна заврши супер-успешната акција „Сладок декември“, кога во текот на последниот месец од минатата година, сите потрошувачи на „Тамаро“ маркетите добиваа вредни награди, заедно со „Кандит“ чоколадите. Најсреќниот доби чоколада буквално колку што е тешок, односно полни 95 килограми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука