февруари 11, 2015

Сиднеј, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата во Австралија спречила обид за терористички напад.

Уапсени се двајца мажи. Запленети се мачети, ловен нож, видео и знаме на групата “Исламска држава”, пренесе АФП.

– Двајцата мажи се подготвувале да го извршат нападот вчера. Собравме информации кои посочуваар дека нападот е неминовен, рече претставник на американската полиција во државата Нов Јужен Велс. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука