февруари 20, 2015

Атина, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Грција ги замоли европските кредитори за 6-месечно продолжување на кредитот, ветувајќи дека ќе го почитува фискалниот баланс, изјави владин извор.

Властите во Атина изразија жалење дека Германија го користи изразот “тројански коњ” за писмото на Атина со барање за продолжување на меѓународна помош. Според грчката влада “тоа не ги олеснува на никаков начин вистинските преговори”.

Кредиторите денес ќе се сретнат со претставници на грчката влада,објави претставничка на ЕУ.

Доцна синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд. Главнта тема во разговорите била поврзана со постигнување заемна корист за Атина и Европа. (Крај)

извор: Fokus фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука